| четврток, 6 декември 2018 |

Велосипедска тура по падините на Галичица

­

гал

На падините на Галичица денеска ќе се одржува трета по ред велосипедска тура „Tour de Galicica“, во организација на велосипедското друштво „Преспа бајк“ од Ресен. Настанот е поддржан од Општина Ресен и од SWG (меѓуминистерска работна група за рурален развој од земјите на западен Балкан).

Организаторот очекува да учествуваат над 400 велосипедисти од Македонија и од Албанија. Почетокот на ревијалната велосипедска тура е во 9 часот од плоштадот во Ресен. ­ Промовирајќи ги универзалните вредности на здраво живеење, велосипедистите во Преспа ќе имаат одлична можност да ги запознаат убавините на Националниот парк „Галичица“ низ кој на оф­роад патека ќе возат 35 километри. Останатите 35 километри ќе ги возат низ локалните патишта во Ресен, најави организаторот.

Општина Ресен заедно со SWG преку програмата „Луѓе за луѓе “ оваа година обезбеди оперативна помош за реализација на „Tour de Galicica“. Ангажирани се локални водичи кои ќе ги придружуваат велосипедистите, како и горска служба за спасување од Црвениот крст во Охрид, која за време на настанот ќе биде распоредена на планината Галичица. За учесниците, кои доаѓаат од сите краишта на Македонија, поставен е базен­камп на плажата пред хотелот „Лејк Вју“ во Отешево, каде од вчера логоруваат во шатори. Во пресрет на турата, вчеравечер во Отешево беше организиран и музички хепенинг за учесниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top