| четврток, 6 декември 2018 |

Брегзит Анкета: По 44 проценти „За„ и „Против“ останување во ЕУ

Najdzel-FaražПодржувачите и противниците на останувањето на Велика Британија во ЕУ се изедначија по бројот во очи на референдумот закажан за 23 јуни, покажува најновата анкета.

Онлајн анкетата на фирмата „Опиниум“ за весникот „Обсервер“ покажува по 44 проценти од испитаниците за двете опции.

Анкетата е спроведена од 14 до 17 јуни, на 2006 испитаници, при што најголемиот број од испитаниците е анкетиран пред веста за убиството на лабуристичката пратеничка Џо Кокс, по што беше прекината кампањата за референдумот.

Претходната анкета објавена на 11 јуни, за останување во Унијата беа 44 проценти, а за Брегзит 42 проценти од Британците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top