Белградскиот градоначалник Синиша Мали за кинеските медиуми најави изградба на индустриски парк во престолнината на Белград.
Следните денови ќе се направи билансот на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Србија, а покрај инвестицијата во канализацијата, една кинеска компанија ќе гради индустриски парк крај Белград.
Но, Кинезите имаат и други сериозни планови во Србија. Неодамна беше објавено дека друга кинеска компанија, специјализирана за пристаништа, била заинтересирана во Белград да гради стратегиско пристаниште на Дунав. Инвестицијата е вредна 300 милиони евра. Кинезите се одлучија на овој чекор откако пропаднаа преговорите за купување на пристаништето „Дунав“ во Панчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.