| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО: Потребни се 108 милиони евра за борба против зика вирусот

mosquito-zika-llega-a-miamiСветската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека се потребни 108 милиони евра за финансирање на планот за борба против зика вирусот во период од 18 месеци.

СЗО додава дека фокусот ќе биде ставен на жените, кои се во поодминати години за раѓање.

Зика вирусот, кој го пренесуваат комарци, неодамна е поврзан со сериозни нарушувања при раѓањето, како што се намалена глава на новороденчињата и невролошки оштетувања.

Епидемијата на тој вирус зафати повеќе од 60 земји, а најмногу Бразил, каде за помалку од два месеца се одржуваат Олимписките игри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top