Почина познатиот професор и тренер, пливачката легенда и доајен на маратонското пливање во Македонија, Александар Леко Радиќ во 87 година од својот живот. Тој беше спортска легенда не само во родниот Охрид, туку и во светот. Беше основоположник ,но татко на маратонското пливање и творецот на плејада врвни пливачи и спортисти, кои Охрид и Македонија ги прославија на сите светски меридијани.
Радиќ е човекот низ чии раце поминале сите наши пливачки шампиони, како што се братот и сестрата Дики и Атина Бојаџи, Климе Савин, Насте Јончески, Ристо Бимбиловски и Александар Маленко.
Роден е во 1929 година во Охрид. Пливачката и тренерска кариера ја започнал во ПВК „Охридски бранови“ и стана икона на пливачкиот спорт во во Македонија. Целиот свој живот го посвети на пливањето како спорт , а беше еден и од основоположниците на некогашниот Ватреполо Клуб „Охридски бранови“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.