| четврток, 6 декември 2018 |

Аманетот кој му го остави таткото на синот Дарио Срна

Хрватскиот репрезентативец Дарио Срна доживеа семејна трагедија по завршувањето на првиот натпревар на Европското првенство против Турција. Веднаш по победата, тој се врати во родната Хрватска за последен пат да се прости од својот татко Узеир.

Хрватските медиуми веќе пренесоа дека таткото на репрезентативниот десен бек тешко боледувал веќе извесно време и дека било најавено најцрно можно сценарио, но Дарио едноставно се надевал дека неговиот драг родител ќе издржи уште некое време гледајќи ги неговите настапи на континенталното натпреварување.

Од хрватската репрезентација истакнаа дека Дарио се уште е неизвесен за настап на утрешниот натпревар против Чешка кој се игра од 18:00 часот, но како што открива постариот брат на Срна, нивниот татко го испратил помалиот син со една порака на Европското првенство.

– Кога Дарио последен пат го виде нашиот татко разговараа долго време и ја доби следната порака: Сине, одиграј го првенството до самиот крај, – открива Ренато Срна во изјавата за „Слободна Далмација“, потенцирајќи дека на својот брат гледа како на вистински столб во нивното семејство.

– Во овие тешки моменти, сите сме заедно. Ние сме му поддршка на Дарио, но и тој е наша огромна поддршка. Сега кога го нема нашиот такто Узеир, тој е столбот на нашето семејство, – додал братот на Срна кој на некој начин откри една од последните желби на нивниот починат татко, која повеќе од веројатно е дека ќе ја исполни фудбалерот на Шахтјор Доњецк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top