По помалку од половина година на власт, хрватскиот Сабор денес му изгласа недоверба на премиерот Тихомир Орешковиќ, со што падна владата на партијата Мост и таканаречената Патриотска коалиција на ХДЗ.
За одлуката за искажување недоверба гласаа 125 пратеници, 15 беа против, а двајца воздржани.
Орешковиќ во своето обраќање кажа дека вистинската причина за уривањето на неговата влада е тоа што поради заштитата на националните интереси почнал да работи на решавање на спорот Ина-МОЛ преку продолжување на арбитражата и почеток на нови преговори, што на некои не им одговарало.
„Не е тајна дека моите ставови околу Ина и енергетскиот сектор значително се разликуваат од ставовите на некои членови на владата и дека цврсто ги бранев длабоко свесен за важноста која Ина и енергетскиот сектор ја имаат за нашата економија и се борев да ги заштитам нашите витални интереси“, кажа Орешковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.