| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската археологија претставена во Њујорк (фото)

Во елитниот изложбен простор „Скандинавска куќа“ во Њујорк се одржа промоција на македонските археолошки богатства, културата и туристичките можности на која присустуваа министерот за култура Елизабета Канческа Милевска, директорот на Агенцијата за туризмот Јордан Трајков и професор Драги Митревски.

02 EKM SAD
Посетителите, меѓу кои експерти од областа на археологија, претставници на медиумите и на дипломатскиот кор, имаа можност да проследат видео презентации на најзначајните македонски археолошки локалитети, а беа подготвени и брошури и дискови со промотивен материјал за македонските наоѓалишта.

01 EKM SAD
– Настанот го подготвувавме долго време, и навистина се потрудивме да го претставиме потенцијалот на Македонија. Истакнав дека археолошките артефакти пронајдени во Македонија ќе бидат поставени во новиот Археолошки музеј кој е во изградба во Скопје, и во кој ќе бидат поставени реконструкции на амбиентот – изјави Канческа Милевска.

06 EKM SAD
Освен археологијата, на настанот во Њујорк беше организирано и претставување на македонското природно наследство, културата, храна и вино, а настапи и културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Њу Џерси

05 EKM SAD

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top