| четврток, 6 декември 2018 |

Една пастрмка успеа да го блокира цело Ужице

pastrmka

Искусен рибар синоќа на Ѓетиње во центарот на Ужице уловил капитална речна пастрмка потешка од три килограми и долга 65 сантиметри. Дури ид а уловил некој некогаш поголема сигурно немал толку публика колку што имал овој рибар. Синоќа околу 19 часот ги навел сите минувачи во центарот на градот да помислат дека во реката има давеник

-Почна да шета лево-десно и веднаш знаев дека е голема. Кога почна да искокнува од водата и да се прпелка, сфатив дека имам достоен противник. Војувавме околу 20 минути. Тогаш се насобра народ, раскажува гордиот рибар.

pastrmka 2

Местото каде што се одвувала битката е во близина на автобуска постојка, и во моментот кога се бореле рибарот и рибата, застанал автобус, па патниците кои се симнале биле првите сведоци на спектаклот. По нив, се насоблрала голема публика, го блокирала и сообраќајот.

Откако ја совладал, ја бакнал, се фотографирале и ја вратил во водата. Нејзиното шлап во водата предизвикало бурен аплауз на бројната публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top