Искусен рибар синоќа на Ѓетиње во центарот на Ужице уловил капитална речна пастрмка потешка од три килограми и долга 65 сантиметри. Дури ид а уловил некој некогаш поголема сигурно немал толку публика колку што имал овој рибар. Синоќа околу 19 часот ги навел сите минувачи во центарот на градот да помислат дека во реката има давеник
-Почна да шета лево-десно и веднаш знаев дека е голема. Кога почна да искокнува од водата и да се прпелка, сфатив дека имам достоен противник. Војувавме околу 20 минути. Тогаш се насобра народ, раскажува гордиот рибар.
Местото каде што се одвувала битката е во близина на автобуска постојка, и во моментот кога се бореле рибарот и рибата, застанал автобус, па патниците кои се симнале биле првите сведоци на спектаклот. По нив, се насоблрала голема публика, го блокирала и сообраќајот.
Откако ја совладал, ја бакнал, се фотографирале и ја вратил во водата. Нејзиното шлап во водата предизвикало бурен аплауз на бројната публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст