| четврток, 6 декември 2018 |

Миноски: Приоритети се нови работни места, економски раст, инвестиции…

Kiril-Minoski-int189-2

Новиот министер за финансии Кирил Миноски, по свечената изјава во Собранието, денеска изјави дека главен приоритет во неговата работа ќе бидат нови работни места, економскиот раст, инвестициите, унпаредување на стандардот на граѓаните и подобрување на деловното опкружување.

-Извршувањето на функцијата министер за финансии за мене претставува огромна чест и, секако, одговорност. Главен приоритет за мене како министер за финансии на Република Македонија ќе претставува процесот на креирање нови работни места, економскиот раст, инвестициите, унапредувањето на животниот стандард на граѓаните и подобрување на деловното опкружување на компаниите во Република Македонија- истакна Миноски.

Во рамки на 106. седница на Собранието, Миноски денеска беше избран за министер за финансии на Република Македонија по оставката од здравствени причини на Зоран Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top