Младинскиот културен центар-Битола како дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џезот, вечерва организира концерт на „Иван Иванов квартет“ во Битола.
Организаторите на настанот информираат дека Меѓународниот ден на џезот ги сплотува нациите и општествата и ја слави уметноста на џезот.
„Иван Иванов квартет“, е основан во 2008 година во Грац и во него членуваат Иван Иванов-тенор саксофон, Васил Хаџиманов-пијано, Кирил Туфекчиевски-контра бас и Алек Секуловски-тапани. Репертоарот на „Иван Иванов квартет“ е инспириран од современите светски саксофонисти Крис, Потер, Марк Тумер, Ерик Харланд и други имиња од џез музиката
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.