Кејт Мидлтон отсекогаш била под лупата на јавноста, но, сега откако е трудна, медиумите посебно ја следат трудничката мода. Фотографијата од лондонската парада која Кејт носи капут од модната куќа „Малбери“ , а раката и е на трудничкиот стомак, го обиколи светот.
Уште од почетокот на бременоста, Кејт носи капути кои го камуфлираат трудничкиот стомак и сите верзии на фустаните кои се сечени под градите и кои ѝ ласкаат на нејзината нова фигура. Во бременоста Кејт носи силни бои и тонови, а таа не се откажа и од високите потпетици. Како вистинска принцеза, во зависност од приликата, таа носи и шешири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.