| четврток, 6 декември 2018 |

Во Битола почнува 12-та меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“

Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ годинава ќе се одржи во периодот од 15 до 24 јуни, а на 12-то издание ќе учествуваат 10 уметници од Италија, Србија, Велика Британија, Полска, Словенија, Бугарија и Македонија.
 Гостите на колонијата освен во Битола, ќе престојуваат и творат во Охрид, с.Курбиново-Ресен и во Крушево. Според програмата, на колонијата ќе биде организиран омаж на почесниот член на колонијата академскиот сликар Глигор Чемерски, како и на членовите од колонијата: Љубинка Јовановиќ (Србија-Франција), Мустафа Скоплјак (Босна и Херцеговина), Петар Савов (Бугарија) и Трајче Јанчевски (Македонија). Координатор на колнијата е ликовниот уметник Панде Петровски, членови на Уметничкиот Совет се Мирослав Масин, Владо Ѓорески-Рафик и Драган Анѓелковиќ од Македонија, Драган Мијач од Црна Гора и Стојан Ѓуриќ од Србија. За Колонијата: Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“-Битола во изминатиот период има организирано 38 изложби во Македонија и надвор од Република Македонија. Кон крајот на оваа 2016 година и почетокот на 2017 година ќе организира и други веќе договорени изложби. Колонијата „Де Ниро“ е мултимедијална и затоа и годинава заедно со учесниците од државата и странство ќе бидат поети, музичари и актери од градот и државата. Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ е збратимена со Меѓународната ликовна колонија „Буљарица Арт“ од Црна Гора со која на крајот од годината ќе направи заеднички проект за поврзување на двете држави преку уметноста. Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“-Битола ја организираат Силвана и Драги Филевски.
На мегународната ликовна колонија „Де Ниро“ ќе учествуваат: Паоло Чампини, Италија, Александар Педовиќ, Србија, Никола Стојановиќ, Србија, Тери Чип, Британија, Катрина Садрак, Британија, Маша Гала, Словенија, Страхил Ненов, Бугарија, Решат Амети, Македонија, Сергеј Андреевски, Македонија, Димитар Петковски (фото), Македонија.
Координатор е Панде Петровски -Македонија, а членови на уметничкиот совет се: Драган Анѓелковиќ, Македонија, Мирослав Масин, Македонија, Драган Миљац, Црна Гора, Стојан Џуриќ, Србија. Организатори се: Силвана и Драги Филевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top