Истражителите од ФБИ пронашле женско ДНК на една од бомбите кои беа користени во нападот на маратонот во Бостон. Се уште не се знае кому му припаѓа, ниту дали тоа значи дека и жена е учествувала во подготвувањето на нападот покрај браќата Царнаеви.
Властите предупредуваат дека има повеќе објаснувања за тоа како ДНК на жена се нашла на бомбата. Контакт со материјалот користен за бомбата можеле да имаат и продавачката или пак случајно да заврши влакно од коса на експлозивната направа.
Агентите на ФБИ вчера повторно ја посетија куќата на родителите на Катрин Расел, вдовицата на Тамерлан Царнаев, кој беше убиен во престрелка со полицијата четири дена по бомбашките напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.