| четврток, 6 декември 2018 |

Започна снимањето на филмот „Кога нè нема“

На 15.06.2016 година започнува снимањето на краткометражниот игран филм “Кога нè нема” во режија и по сценарио на Стефан Палитов. Ова е дебитантски професионален филм на младиот режисер. Снимањето ќе се одвива четири дена на локација во Скопје. “Кога нè нема” е емотивна приказна за тоа како се справуваат со загубата оние што остануваат да живеат, откако нас веќе нè нема.

Улогите ги толкуваат: Огнен Дранговски, Амернис Јовановска Нокшиќи и Јана Никодиновска. Директор на фотографија е Владо Димоски, сценограф е Влатко Зафирковски, а костимите се на Роза Трајческа Ристовска.

Филмот е во продукција на Квазар Филм, и е поддржан од Агенцијата за Филм на Р. Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top