| четврток, 6 декември 2018 |

Доделени специјални награди од Флукс галерија

Се работи за архитектонско уметничка инсталација која го привлече вниманието на сите посетители на саемот и уметничко дело во категорија слика-цртеж кое се издвои со својата современост и автентичност.

Инсталацијата „Templum Aeternum” изработена од архитектите Христина Секулоска и Ирена Милојеска и делото „Solar System” на авторката Тамара Забазноска се добитници на специјалните награди за најдобрите остварувања на галеријата Флукс во соработка со интернационалниот саем за современа уметност „Паратисима Скопје“.

Авторите ќе бидат наградени со две самостојни изложби во продажно-изложбената галерија Флукс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top