| четврток, 6 декември 2018 |

Иселување на мигрантите од импровизиран камп кај Поликастро

polikastroГрчката полиција почна денеска со иселување мигранти од импровизиран камп во Поликастро на границата со Македонија. Мигрантите со автобуси се префрлаат во прифатни центри во регионот. Во импровизираната населба на околу 20 км. од границата со Македонија имаше околу 1.800 мигранти.

Расчистувањето на кампот е дел од стратегијата на Грција да спречи концентрација на мигранти во лоши услови, наведуваат западни медиуми. Во Грција моментно има повеќе од 50.000 мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top