| четврток, 6 декември 2018 |

Градежништвото ќе остане главен двигател на економијата

gradeznici

Градежниот бизнис е во експанзија, но политичката криза влијае и врз градежништвото и на подолги патеки истата ќе се почувствува и ќе го намали растот и развојот, вели Роберт Хот, претседател на градежна комора при Сојузот на стопанските комори кој гостуваше во вестите на ТВ Нова.

-Експанзија има, особено во последните години, поради што нормално е соочување со проблем како што е недостаток на работна сила. Но, во иднина ќе се реши проблемот, ќе се работи на ангажирање на повеќе градежни експерти и работници, вели Хот.

Градежништвото со сигурност ќе остане главен двигател, додава Хот, а потврда за тоа се големиот број на капитални инвестиции.

-Капиталните инвестиции го потврдуваат фактот дека градежништвото ќе остане главен двигател на економијата, вели Хот.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2016 се издадени 228 одобренија за градење што е за 8,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top