| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: ВМРО­ ДПМНЕ не е против лидерска средба, но потребни се претходни подготовки

gru

– ВМРО­ ДПМНЕ не е против одржување лидерска средба, но за таа да се одржи потребно е претходно да се знае темата на разговори и да се направат подготовки за да се зголеми веројатноста да заврши успешно – изјави денеска претседателот на ВМРО ­ДПМНЕ Никола Груевски.

gru2

Одговарајќи на новинарско прашање истакна дека иако имало информации во медиумите за одржување ваква средба нив никој не ги контактирал.

– Нас не не контактирале за таква лидерска средба од СДСМ. Ние генерално никогаш не сме биле против лидерски средби, сме учествувале на многу, поголем дел од нив ние и сме ги поттикнале да се одржат. Меѓутоа, за секоја лидерска средба треба да има точно утврдена тема и добри подготовки, инаку ќе заврши неуспешно и тоа не е добро. Прво, за нас не е добро бидејќи секогаш нас не прогласуваат за виновни ако таа заврши без успех, а второ не е добро ниту за граѓаните затоа што тоа станува главна тема неколку дена, па во текот на денот е клучна тема и на крајот ако заврши неуспешно доаѓа на некакво општо разочарување – рече Груевски по промоцијата на нови книги во рамки на Проектот за превод на 1.000 книги.

gru3

Во основа, додаде Груевски, не сме против лидерска средба, доколку навистина СДСМ сака да иницира, но, како што рече, добро е да има некакви претходни разговори или подготовки околу неа со цел да се зголеми веројатноста дека би завршила успешно. ­

gru4

-Не може однапред да се каже дека би завршила успешно, меѓутоа ако има добри подготовки би се зголемила веројатноста тоа да се случи- истакна Груевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top