| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадата на Кралството Шпанија го номинираше „Охридско лето“ за престижната награда „Princess of Asturias Awards“

Амбасадата на Кралството Шпанија во Македонија го номинираше фестивалот Охридско Лето за престижната наградаPrincess of Asturias Awards“ (Принцес оф астуриас авордс), на чија листа на лауреати се  многу големи и значајни имиња како Френсис Форд Копола, Рикардо Мути, Леонард Коен и други личности од различни општествени сфери.

-Оваа номинација доаѓа по исклучителното гостување на оперскиот спектакл, кантатата „Кармина Бурана“ на продукциската куќа “Ла Фура Делс Баус“од Шпанија минатата, 2015 година. Се надевам дека оваа номинација е дополнителен поттик за квалитативен растеж на фестивалот „Охридско лето“ и во овој контекст на новиот директор на националната установа Охридско лето, Оливер Арсовски, сакам да му посакам успешно менаџирање со оваа наша најпрестижна музичко-сценска манифестација, рече министерката за култура Елизабета Канческа Милевска заблагодарувајќи се на селекторите на програмата, Гордана Јосифова-Неделковска и Ѓорги Јолевски кои континуирано, како шти рече,  го вложувале својот професионален авторитет и ангажман во развојот на фестивалот  како и до новинарите, кои со години давале поддршка на оваа манифестација, на  културата и на културните настани во нашата држава кои не етаблираат на европската културна и туристичка мапа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top