| четврток, 6 декември 2018 |

Спанулис останува верен на Олимпијакос, одби милионска понуда од Дарушафака

spanulis

Василис Спанулис имаше милионска понуда на маса од Дарушафака која в година ќе има огромен буџет, а кошаркарот одлучи да ја одбие и да му остане верен на клубот со кој е неразделив од 2010 година.

На состанокот со Панајотис и Агелопулос, сопствениците на Олимпијакос, искусниот бек одлучил да ја продолжи соработката со клубот на уште две сезони. Според „еурохупс“, пресудно за Спанулис биле амбициите на клубот за во иднина, наспроти финансискиот аспект на договорот. Олимпијакос е подготвен да инвестира во квалитетен костур на тимот со кој наредната сезона посериозно ќе атакува на четврта круна во Евролигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top