Дарио Срна, капитенот на хрватската фудбалска репрезентација го напушти кампот во Франција и се врати во Хрватска. На капитенот му беше соопштено дека неговиот татко Изеир починал за време на натпреварот помеѓу Хрватска и Турција по што беше неизвесно дали Хрватска во наредниот период ќе остане без капитенот.
Сепак, фудбалерот одлучи да го напушти кампот и да се врати во Метковиќ каде ќе биде одржан погребот на неговиот татко. Засега сè уште е непознато дали Срна ќе се врати во Франција, а неговата улога в петок на натпреварот против Чешка ќе ја преземе Вршаљко.
Хрватската фудбалска репрезентација ја покажа својата поддршка за Срна преку фотографија на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.