Нападот во геј-клубот во Орландо, во кој беа убиени 50 лица, е последен во низата масовни убиства кои се случиле во САД од 1984 до денес.
Напачаѓот, кој е убиен, е идентификуван како американски држајанин од авганистанско потекло, Омар Мартин (29), кој ѝ се заколнал на верност на ИД, која ја презеде одговорноста за нападот.
Гласот на Америка објави хронологија на масовните убиства во САД од 1984 година до денес.
Декември 2015: Пар уби 14 луѓе во просториите на агенција за социјална заштита во Калифорнија. Полицијата ги застрела.
Ноември 2015: Вооружен напаѓач уби три лица во клиниката на организацијата „Планирано родителство“ во Колорадо. Полицијата го уапси по повеќечасовна опсада.
Октомври 2015: Вооружен напаѓач уби девер лица на колеџот во Орегон. Полицијата го уби во престрелка.
Јули 2015: Вооружен напаѓач уби петмина во Центарот за резервисти на амерканската морнарица во Тенеси. Полицијата го уби.
Јуни 2015: Вооружен напаѓач уби девет лица во црква во Јужна Каролина и избега. Утредента е фатен и чека судење.
Мај 2015: Девет луѓе се убиени во пресметка на ривалски мотоциклистички клубови и полицијата во ресторан во Тексас.
The major shooting incidents in the United States that caused deadly casualties in the past decades. pic.twitter.com/gL8ABJJXts
— China Xinhua News (@XHNews) June 13, 2016
Октомври 2014: Напаѓач-тинејџер уби четири тинејџери, од кои двајца роднини, во средно училиште во Вашингтон, а потоа се самоуби.
Септември 2013: Вооружен напаѓач уби 12 лица во зградата на морнарицата во престолнината Вашинготн, пред да настрада во пресметка со полицијата.
Декември 2012: Вооружен напаѓач уби 26 возрасни лица и деца во основното училиште „Сенди Хук“ во Конектикат, а потоа зиврши самубиство.
Август 2012: вооружен напаѓач усмрти шест лица во храм во Висконсин, а откако полицијата го рани, се самоуби.
Јули 2012: Вооружен напаѓач уби 12 лица на кинопретстава во Колорадо.
Јануари 2011: Вооружен напаѓач уби 6 лица и тешко ја рани тогашната членка на Американскиот ретставнички дом Габрел Гифордс во Аризона.
Ноември 2009: Психијатар во американската војска уби 13 луѓе во Форт Худ, во државата Тексас.
#Orlando shooting suspect Omar Mateen's ex-wife talks about their marriage, saying he was violent and short tempered https://t.co/wEDKBVmHuG
— Sky News (@SkyNews) June 13, 2016
Април 2007: Студент на Универзитетот „Вирџијија Тек“ уби 32 лица пред да извршисамоубиство.
Октомври 2006: Вооружен напаѓач уби пет девојчиња во амишко учлиште во Пенслванија, а потоа се самоуби.
Јануари 2006: Поранешна поштенска работничка уби осум лица прд да се самоубие во Калифорнија.
Април 1999: Двајца средношколци од училиштето „Колумбајн“ убија 12 други ученици, еден наставник и се самоубија.
Ноември 1991: Вооружен напаѓач уби четири професори на Универзитетот Ајова и еден студент. Потоа се самоуби.
Октомври 1991: Вооружен напаѓач се заби во афуле во Тексас и почна да пука; уби 23 лица пред да се самоубие.
Август 1986: Вооружен напаѓач уби 14 поштенски работници во Оклахома пред да изврши самоубиство.
Јули 1984: Вооружен напаѓач уби 21 лице во Мекдоналдс во Калифорнија пред да го убие полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст