| четврток, 6 декември 2018 |

Хроника на едно безумие: Масовните убиства во САД од 1984 до денес (ФОТО+ВИДЕО)

 

Нападот во геј-клубот во Орландо, во кој беа убиени 50 лица, е последен во низата масовни убиства кои се случиле во САД од 1984 до денес.

Напачаѓот, кој е убиен, е идентификуван како американски држајанин од авганистанско потекло, Омар Мартин (29), кој ѝ се заколнал на верност на ИД, која ја презеде одговорноста за нападот.

Гласот на Америка објави хронологија на масовните убиства во САД од 1984 година до денес.

Декември 2015: Пар уби 14 луѓе во просториите на агенција за социјална заштита во Калифорнија. Полицијата ги застрела.

Ноември 2015: Вооружен напаѓач уби три лица во клиниката на организацијата „Планирано родителство“ во Колорадо. Полицијата го уапси по повеќечасовна опсада.

Октомври 2015: Вооружен напаѓач уби девер лица на колеџот во Орегон. Полицијата го уби во престрелка.

Јули 2015: Вооружен напаѓач уби петмина во Центарот за резервисти на амерканската морнарица во Тенеси. Полицијата го уби.

Јуни 2015: Вооружен напаѓач уби девет лица во црква во Јужна Каролина и избега. Утредента е фатен и чека судење.

Мај 2015: Девет луѓе се убиени во пресметка на ривалски мотоциклистички клубови и полицијата во ресторан во Тексас.

Октомври 2014: Напаѓач-тинејџер уби четири тинејџери, од кои двајца роднини, во средно училиште во Вашингтон, а потоа се самоуби.

Септември 2013: Вооружен напаѓач уби 12 лица во зградата на морнарицата во престолнината Вашинготн, пред да настрада во пресметка со полицијата.

Декември 2012: Вооружен напаѓач уби 26 возрасни лица и деца во основното училиште „Сенди Хук“ во Конектикат, а потоа зиврши самубиство.

Август 2012: вооружен напаѓач усмрти шест лица во храм во Висконсин, а откако полицијата го рани, се самоуби.

Јули 2012: Вооружен напаѓач уби 12 лица на кинопретстава во Колорадо.

Јануари 2011: Вооружен напаѓач уби 6 лица и тешко ја рани тогашната членка на Американскиот ретставнички дом Габрел Гифордс во Аризона.

Ноември 2009: Психијатар во американската војска уби 13 луѓе во Форт Худ, во државата Тексас.

Април 2007: Студент на Универзитетот „Вирџијија Тек“ уби 32 лица пред да извршисамоубиство.

Октомври 2006: Вооружен напаѓач уби пет девојчиња во амишко учлиште во Пенслванија, а потоа се самоуби.

Јануари 2006: Поранешна поштенска работничка уби осум лица прд да се самоубие во Калифорнија.

Април 1999: Двајца средношколци од училиштето „Колумбајн“ убија 12 други ученици, еден наставник и се самоубија.

Ноември 1991: Вооружен напаѓач уби  четири професори на Универзитетот Ајова и еден студент. Потоа се самоуби.

Октомври 1991: Вооружен напаѓач се заби во афуле во Тексас и почна да пука; уби 23 лица пред да се самоубие.

Август 1986: Вооружен напаѓач уби 14 поштенски работници во Оклахома пред да изврши самоубиство.

Јули 1984: Вооружен напаѓач уби 21 лице во Мекдоналдс во Калифорнија пред да го убие полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top