| четврток, 6 декември 2018 |

Ме тепаше и ме држеше како заложник – бившата жена на убиецот од Орландо ја отвори душата

ubiec

Поранешната жена на масовниот убиец од Орландо вели дека тој бил емотивно и ментално нестабилен и имал насилен карактер.

– Ме тепаше. Ќе дојдеше дома и ќе почнеше да ме тепа зошто не сум ја испрала облеката или нешто слично – вели Ситора Јусуфија (38), поранешна жена на убиецот Омар Матин, за „Вашинготн пост“.

Омар го запознала на интернет пред осум години. Се виделе и брзо почнале да се забавуваат, а се венчале во март 2009 година и се преселиле на Флорида. Од почеток бракот бил нормален, но мажот набрзо почнал да ја злоставува психички и физички.

– Во почетокот нормално се однесуваше, се грижеше за семејството, сакаше да се шегува. Неколку месеци подоцна сфатив дека е нестабилен. Видов дека е биполарна личност, бидејќи од чист мир ќе се налутеше и почнав да се грижам за својот живот. Тогаш почна да ме злоставува психички, не ми дозволуваше да разговарам со семејството, ме држеше како заложник. Често се караше со своите родители, но бидејќи беше насочен на мене, најмногу се изживуваше на мене – рекла таа.

Бракот и се претворил во пекол и Ситора после четири месеци морала да го спасува голиот живот. Всушност нејзините родители сфатиле дека зетот ќе им ја убие ќерката, па во 2011 година дошле кај неа и букавлно ја одвеле дома.

Тие се развеле и таа неколку години немала никаков контакт со него. Ситор жали за жртвите на нејзиниот поранешен маж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top