Поранешната манекенка Хајди Клум веќе две години ужива во врската со сопственикот на уметничката галерија „Вито Шанбел“, а двојката својата љубов реши да ја круниса со брак. Имено, Вито ја побара за жена својата 14 години постара девојка, а наскоро планираат голема свадбена веселба.
Вито ја побарал за жена Хајди за време на одморот на Медитеранот. Манекенката неодамна изјави дека се чувствува убаво покрај своето помладо момче и дека разликата во годините не им пречи да функционираат совршено. Ова на манекенката би ѝ бил трет брак. Пред тоа беше мажена за фризерот Рики Пипин и пејачот Сил, со кого има три деца. Со Флавио Бријаторе има ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.