| четврток, 6 декември 2018 |

„Петарда“ на Хамилтон во Канада

lewis-hamilton-f1-canada-2016

Актуелниот светски шампион во Формула 1, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи вечерва во трката за Големата награда на Канада во Монтреал и ја намали разликата од водечкиот во генералниот пласман, неговиот клупски колега Нико Розберг, на девет бодови негатива.

Хамилтон стигна до својата втора победа во низа, а 45 во кариерата, со време од 1 час, 31 минута и пет секунди.

Исто така, ова му е петти триумф во кариерата на патеката во Канада.

lewis-hamilton-f1-canada-2016-2

Освен доброто возење, пресудно за победата на Хамилтон беше и стратегијата, бидејќи Британецот влезе во боксот само еднаш, а неговиот главен конкурент во трката, Себастијан Фетел од Ферари направи две „паузи“.

Токму Германецот го освои второто место, а трет беше Валтери Ботас од Вилијамс.

Четвртото место го освои Макс Ферштапен од Ред Бул, петти беше Розберг, а шести Кими Раиконен од Ферари.

Бодови освоија уште и Даниел Рикардо од Ред Бул, Нико Хулкенберг од Форс Индија, Карлос Саинц од Торо Росо и Серхио Перес од Форс Индија.

Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози следната недела во Баку за Големата награда на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top