Во сообраќајната несреќа што се случи попладнево во 16 часот и 30 минути повреден е возачот на „пикапот “ со кумановски регистарски таблички кој во моментот се враќал од работа кон Кратово и бил сам во возилото. За среќа, 40 –те патници во автобусот со бугарски национални ознаки кои што денеска биле на еднодневна екскурзија во Скопје и се враќале назад, не се повредени. Видно вознемирени и исплашени од тоа што го доживеале попладнево туристите од Дупница не сакаа јавно да раскажат што конкретно се случило. Благодарни се за присебноста што ја покажал возачот во критичниот момент и што автобусот не се превртел. Освен што доживеале траума од несреќата, тие неколку часа останаа на асфалтот да го чекаат автобусот испратен од Дупница за да ги врати дома. Веднаш по сообраќајката, повредениот со возило на Итна помош е префрлен на Хирургија во кумановскиот Ургентен центар каде што по испитувањата е констатирано дека има скршеница на ребро заради што е задржан на болничко лекување. Истрагата треба да утврди под какви околности се случила сообраќајната нереќа и која била причината за судирот меѓу пикапот и автобусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил