По четврти пат сезонава, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон си обезбеди пол-позиција. Британецот извози најбрз круг во квалификациите за трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Канада, со време од 1:12.812 минути.
Првиот ред ќе го комплетира неговиот клупски колега Нико Розберг на втората позиција. Од вториот ред ќе стартуваат Себастијан Фетел од Ферари и Даниел Рикардо од Ред Бул.
Петтата и шестата стартна позиција ja имаат Макс Верстапен од Ред Бул и Кими Раиконен од Ферари.
Возачите на Вилијамс, Валтери Ботас и Фелипе Маса ќе стартуваат од седмото и осмото место, деветтата позиција му припадна на Нико Хулкенберг од Форс Индија, десеттата позиција е за Фернандо Алонсо од Мекларен.
Трката во Монтреал стартува во 20 часот (по средноевропско време).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.