Селфи со холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер и поранешниот претседател на САД Бил Клинтон снимено на погребот на боксерската легенда Мохамед Али предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи.
Актерот и екс гувернер на Калифорнија на Твитер ја објави фотографијата со коментар:- “Беше страшно да го видам мојот пријател претседателот Бил Клинтон, кој одржа фантастичен проштален говор на погребот на Мохамед Али”.
Насмеани и прегранти тие предизвикаа негативни реакции кај илјадници луѓе кои сметаат дека погреб не е место за ваков чин.
Вакви бројни негативни коментари на социјалните мрежи имаше по селфито од погребот на Нелсон Мендела на кое беа овековечени американскиот претседател Барак Обама, британскиот премиер Дејвид Камерон и премиерката на Данска Хеле Торнинг-Шмит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.