| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една запалива точка во светот: Турција во Украина прави “татарско Косово”

Во украинската област Херсон, која се наоѓа на самиот југ на земјата на границата со Крим, во последно време се одигруваат многу алармантни настани.

Турција намерно распалува со татарски сепаратизам по примерот на Косово. Нивната главна цел е константно да го држат под тензија полуостровот Крим. Со самото тоа Турците сакаат да ѝ се одмаздат на Москва за нејзиното дејствување во Сирија, и истовремено да ја засилат својата позиција во нестабилната Украина.

Значајните напори на Анкара се свртени кон плановите за правење на кримско-татарска национална автономија во јужниот дел на Херсонската област. Иако таму никнува противдржавна формација како автономија на кримски татари, де-факто таа се наоѓа под контрола на Турција.

“Херсон е турска земја”, “Османската империја повторно се раѓа”, се слоганите на турски и арапски јазик, кои во последно време многу често се среќаваат на улиците на градовите и селата во регионот Херсон.

Директниот изведувач на херсонските планови на Анкара е екстремистичката организација “Меџлис” на кримско-татарскиот народ. Треба да се нагласи дека неодамна биле објавени и тајни извештаи на Службите за безбедност на Украина, кои сведочат дека раководителите на тие радикални кримско-татарски структури добивале финансиска помош од Турција последните неколку години, и дека работеле на истражувањето на таа земја.

Денес протурскиот меџлис во своите раце држи власт од земја која му е дадена на откуп. Минатиот месец станало познато дека на територијата на Херсон, кримско-татарски екстремисти веќе формирале влада за идна национална автономија, и дека имаат намера да создадат сопствена кримско-татарска војска. Во тој регион веќе постојат и работат незаконски вооружени формации на меџлисот, таканаречени “доброволни баталјони”, чии војници вршат терор над локалното население.

Воената помош на херсонските борци им ја дава Турција. Најпрво тоа се гледа во поставките на воените форми и муниција, иако официјална Анкара негира. Покрај тоа, Турција во Украина праќа воени структури кои ги учат војниците на баталјонот Меџлис. Присуството на турските инструктори на неколку наврати било фокусирано во областа Херсон, и на линијата за контакт на завојуваните страни во Донбас.

Уште еден елемент од турската помош е праќање на странски разбојници во Украина. Станува збор дека огромното мнозинство кримски татари навистина не сакаат да го напуштат Крим, и да станат топовско месо во рацете на марионетите на Турција. И за да го дополнат бројот на борци за Татарската Република, Турците праќаат помош во истомисленици со богато борбено искуство.

Во таа група има членови од турската неонацистичка организација “Сиви волци”, и исламисти од Сирија, вклучувајќи и терористи од ИСИС.

Киевската владејачка хунта се надева дека ќе ги искористи тие фанатици во борбата против самопрогласената народна република Донбас, и за провокација во односите со Русија, и токму поради тоа во забрзан поредок се формираат украински пасоши.

Активноста на Турција во областа Херсон не е исцрпена само со поддршка на паравоениот отсек. По нејзина иницијатива е воспоставена и воздушна и морска размена на Турција со областа Херсон, се зголемил интересот на турските инвеститори и се раѓа мрежа на соработка со турскиот регион. Со самото тоа Анкара постепено се присоединува со јужноукраинската област.

Преку влијанието на кримско-татарската дијаспора, Турција и бизнисмените од Анкара го стимулираат процесот на татаризација на Херсон. Посебно се води сметка за финансирање на изградба на населба за живот на кримските татари. На пример, кримско-татарската дијаспора со турската престолнина спроведува голем проект кој обезбедува изградба на згради и социјални инфраструктури на простор од 20 хектари.

Појавата на премините на Крим на етнички-криминални енклави и добивање на политичка самостојност под чадорот на Турција, претставува закана за Русија. Татрските војници веќе организираат провокации на границите со Украина со Крим, и тоа ќе го работат и понатаму, можеби дури и со примена на оружје против руските граничари.

Секако, Москва многу лесно може да го реши овој проблем со употреба на сила, но тоа е последното решение. Јасно е дека доколку борците на меџлисот решат да организираат терористички напади на полуостровот, Русија ќе одговори.

Изгледа како Анкара да брза да го пренесе основниот фронт на геополитичката борба, токму на Херсон. Оваа област станува уште една запалива точка во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top