
На колумбиска страна се наоѓа светилиптите Лас Лахас, кое доминира со вкус, а од другата страна, од еквадорската, се наошаат најубавите топијарни гробишта на светот.
Граничните премини на американскиот континент не претставуваат туристичка атракција. Обично се изолирани, пусти места на кои луѓето застануваат само за да ја завршат процедурата за премин на границата. Но, овој премин не е таков. Границата меѓу Колумбија и Еквадор е неверојатна по две работи – по најубавата црква во Колумбија и по најсредените гробишта во Еквадор.

На колумбиска страна, неколку километри од границата, се наоѓа светилиштето Лас Лахас. Црквата во готски стил е изградена меѓу 1916 и 1949 година. Таа се наоѓа на висина од 100 метри над реката Гаитара, која тече под монументалниот мост кој ја поврзува црката со другата страна на копното.

Се верува дека на местото на денешната црква во 18 век се случило чудо – на најка која шетала со нема ќерка ѝ се укажала Богородица и девојчето проговорило. Поради тоа уште во 1802 година на местото бил изграден храм, кој денеска е претворен во црква.

Од другата страна на границата, исто така на неколку километри, во еквадорското гратче Тулкан, највисокиот град во земјата, се наоѓаат едни од ретките топијарни гробишта во светот.

Локален градинар почнал уште во 30-тите години на минатиот век да работи на уредување на гробиштата, обликувајќи билки кои можат да живеат и до 500 години. Не престанал да работи се додека гробиштата не станале толку убави да му е мерак на човек да умре.

Гробиштата во Тулкан денес имаат преку 100 топијари единствени по својата убавина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


