| четврток, 6 декември 2018 |

Високо во планините на Јужна Америка: Ова е најубавата државна граница на светот (ФОТО)

santuario-de-las-lajas-ipiales-colombia-2015-07-21-dd-43-45-hdr_14536691097

На колумбиска страна се наоѓа светилиптите Лас Лахас, кое доминира со вкус, а од другата страна, од еквадорската, се наошаат најубавите топијарни гробишта на светот.

Граничните премини на американскиот континент не претставуваат туристичка атракција. Обично се изолирани, пусти места на кои луѓето застануваат само за да ја завршат процедурата за премин на границата. Но, овој премин не е таков. Границата меѓу Колумбија и Еквадор е неверојатна по две работи – по најубавата црква во Колумбија и по најсредените гробишта во Еквадор.

santuario-de-las-lajas-ipiales-colombia-2015-07-21-dd-36-37-hdr_14536690877

На колумбиска страна, неколку километри од границата, се наоѓа светилиштето Лас Лахас. Црквата во готски стил е изградена меѓу 1916 и 1949 година. Таа се наоѓа на висина од 100 метри над реката Гаитара, која тече под монументалниот мост кој ја поврзува црката со другата страна на копното.

santuario-de-las-lajas-ipiales-colombia-2015-07-21-dd-19_14536690536

Се верува дека на местото на денешната црква во 18 век се случило чудо – на најка која шетала со нема ќерка ѝ се укажала Богородица и девојчето проговорило. Поради тоа уште во 1802 година на местото бил изграден храм, кој денеска е претворен во црква.

santuario-de-las-lajas-ipiales-colombia-2015-07-21-dd-24-25-hdr_14536690793

Од другата страна на границата, исто така на неколку километри, во еквадорското гратче Тулкан, највисокиот град во земјата, се наоѓаат едни од ретките топијарни гробишта во светот.

diego-delso_14536692334

Локален градинар почнал уште во 30-тите години на минатиот век да работи на уредување на гробиштата, обликувајќи билки кои можат да живеат и до 500 години. Не престанал да работи се додека гробиштата не станале толку убави да му е мерак на човек да умре.

ecuador-tulcan-cemetery_14536692562

Гробиштата во Тулкан денес имаат преку 100 топијари единствени по својата убавина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top