Во Колумбија на секои пет минути се врши по една пластична операција, поради што властите одлучиле да го прекинат овој тренд и предложуваат нов закон со кој ќе се ограничи одењето под нож.
Се очекува колумбискиот конгрес да го одобри овој закон со кој се забранува зголемување на градите и задникот, липосукција и ботокс на пациенти помлади од 18 години. Освен тоа, ќе биде забрането ангажирање малолетни лица во рекламни кампањи за естетска хирургија.
Сенаторот Маурисио Личано објасни дека законот е неопходен зашто пластичната хирургија станала „мода меѓу девојчињата“ и додал дека овој вид зафати носат потенцијани физички и психолошки ризик за младите. Тој оценува дека околу 30 отсто естетски зафати во Колумбија се изведуваат врз малолетни лица, што довело до тоа колумбија да стане петтата земја во светот по профит од оваа индустрија.
Здружението на психолози на Колумбија смета дека главен поттикнивач на овој тренд е ирационалната желба за „недостижниот идеал на убавина“, кој на девојчињата од сиромашните средини им овозможува класна мобилност.
Интересно е дека Колумбиското друштво на пластични хирурзи помогнало законот да се протурка, но исто така, успеало да протурка корекциите на нос, уши и реконструктивната хирургија да бидат изземени од забраната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.