| четврток, 6 декември 2018 |

Жељко ми недостига секојдневно – Цеца ја отвори душата

ceca

Во очи 43. роденден, најпознатата балканска фолкерка Цеца Ражнатовиќ, отворено зборувала за љубовта, нејзините деца и починатиот сопруг…

-Ми беше потребна огромна психичка сила за да ги преживеам сите немили настани кои ми се случија ви животот. Бев млада, ама немав избор, морав да се борам и да издржам- изјавила Цеца и додала дека во последните неколку години нема голема желба за да организира роденденски забави за себе.

-Порано, за секој роденден правев огромни забави, ама во последниве неколку години, не ми е до тоа. И покрај тоа што не подготвувам нешто спектакуларно за роденденот, нема да заборавам да си замислам желба. Иако досега ниту една роденденска желба не ми се остварила, не се откажувам – прокоментирала пејачката. И покрај тоа што поминаа многу години од смртта на нејзиниот сопруг ­ Жељко Ражњатовиќ ­ Аркан, таа се уште со многу љубов зборува за него и се потсетува на среќните моменти од нивната младост.

-Жељко ми недостига секојденвно. Кога ќе помислам на него, ме обзема чувство на безгрижност. Толку уживав во својата улога на сопруга и мајка покрај него, што не можам никако да се помирам со фактот дека го нема и навистина никој не може да го замени. Не е лесно да си самохрана мајка, покрај целиот медиумски притисок кој го носи моето семејство – искрена е Цеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top