Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, во изјава за „Република” вели дека домаќинот Франција и Германија се фаворити, но и дека не смее да се потцени италијанската репрезентација:
„Фаворити се Франција и Германија, од тие две репрезентации ќе се бара и ѕвездата на првенството. Белгија затоа што има убава приказна со репрезентација, затоа што создаде репрезентација која по постот од 12 години се врати на европската и на светската сцена и се вивна во самиот врв на репрезентации на кои може со сериозност да се смета за највисок дострел. Италија е репрезентација која низ историјата покажа дека е силна кога малкумина го очекуваат тоа и на ова првенство јавноста има помали очекувања од неа, но Италијанците се селекција што може да направи големи резултати кога најмалку се очекува”, прогнозира претседателот на ФФМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.