| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУРО: И Интерпол на готовс, се обезбедуваат границите на ЕУ на Балканот

Во Париз Интерпол ќе располага со единици за обезбедување на Европското фудбалско првенство, велат од седиштето на полицијата во Лион.

police-euro2016

Криминалците би можеле да употребуваат изгубени, украдени и фалсификувани пасоши за влез, а Интерпол ќе овозможи податоци за идентитетот.

Ќе бидат внимателни на границите на Европската унија на Балканот, затоа што би можело да биде пренесено оружје за терористички акции, велат од Интерпол.

Два милиона навивачи ќе патуваат на ЕУРО и потребно е полицијата да располага со идентитетите на луѓето кои доаѓаат, за што е потребно да соработува Интерпол.

Домаќините се подготвени, како и да е, обезбедувањето на Европското фудбалско првенство е глобална одговорност, додаваат од Интерпол.

Вакво ќе биде обезбедувањето и на Олимпијадата која што ќе се одржи во Рио де Жанеиро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top