| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Филхармонијата со ученици од државните музички училишта

Македонската филхармонија во Домot на АРМ одржa традиционалниот симфониски концерт на кој како солисти настапија ученици од државните музички училишта во земјава…

Диригираше Борјан Цанев, а настапија талентираните ученици Инес Неделковска – пијано (класа: проф. Нина Костова), Арда Мустафаоглу – пијано (класа: проф. Самира Мустафаоглу), Томе Костовски – пијано (класа: проф. Марија Шамоска-Буџаковски), Наоми Георгиевска – виолина (класа: доц.проф.Риана Рамиз), Стефан Неделковски – саксофон (класа: проф. Владимир Трајановски), Ева Богоевска – виолина (класа: проф. Олег Кондратенко), Тамара Тодоровска – виолончело (класа: проф. Драган Гоневски) и Александар Иванов – виолина (класа: проф. Горан Муратовски).

Учесниците изведоа дела од Бах, Моцарт, Менделсон, Сарасате, Глазунов, Дворжак, Вјетан, Сибелиус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top