| четврток, 6 декември 2018 |

Сè поголем број западни џихадисти дезертираат од редовите на ИД

id

Сè поголем број западни џихадисти дезертираат од редовите на радикалната исламиска групација Исламска држава (ИД), а нивното враќање во земјата од која потекнуваат претставува проблем за антитерористичките служби. ИД при повлекувањето од Сирија и Ирак е подложена на постојани бомбардирања на повеќе десетици ловци­бомбардери, поради што има потешкотии да спречи некои од илјадниците странски доброволци, кои и се приклучиле од 2014 година. да ги напуштат подрачјата на самопрогласениот Исламски калифат и да се вратат во своите земји.

Мотивите за напуштање на ИД се различни за различни борци. Главните се страв од воздушните напади, разочарување во однос на она што го замислиле пред да дојдат, корупцијата на локалните лидери, насилството кон другите сунитски муслимани или едноставно незадоволство, се наведува во истражувањето спроведено меѓу ’60­тина доброволци од страна на Меѓународниот центар за истражување на радикализацијата Кингс Колеџ во Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top