Брзоногиот Сенегалец Садио Мане во дресот на Саутемптон го привлече вниманието на големите европски клубови, а Ливерпул е подготвен да понуди 30 милиони фунти.
Тој оваа сезона постигна 15 погодоци во сите натпреварувања, и веќе од ова лето би можел да заигра за голем европски клуб. Мане е фудбалер кој поседувa фантастична брзина, дриблинг и одлична техничка подготвеност, и секако би претставувал големо засилување за тимот на Јирген Клоп.
Во Ливерпул се најавуваат големи промени во играчкиот кадар ова лето, а Мане би можел да го продолжи патот на Лалана, Клајн и Ловрен, кои од Саутемптон дојдоа на „Енфилд роуд“. Според информациите од островот, Ливерпул е подготвен да плати 30 милиони фунти за да го доведе Мане во своите редови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.