Фудбалерот кој со своите вештини правеше ѕид во одбраната на Ливерпул одлучи да стави крај на својата кариера. Даниел Агер кој на фудбалските терени помина 12 години од својот живот рано ги спакува копачките на 31-годишна возраст поради повредите кои имаа големо влијание на неговата кариера.
– Ви благодарам на сите за бескрајната поддршка. Ова беше едно големо искуство. Тажен сум, но ваквата одлука е исправна. Горд сум на мојата кариера – напиша Агер на својот официјален твитер профил.
Во последно време се шпекулираше за трансфер во Фенербахче каде му беше понуден двегодишен договор и плата од 4 милиони евра по сезона. Во дресот на Ливерпул помина осум години и за тоа време одигра 232 натпревари, а 14 пати се запиша во листата на стрелци. За данскиот национален состав настапи на 71 натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.