Невработеноста продолжува да паѓа, за една година пад од рекордни 2,8 отсто. Стапката на невработеност во првиот квартал од 2016 година изнесува 24,5 отсто, што претставува најниска стапка досега. Во однос на претходниот квартал невработеноста е намалена за 0,1 отсто, додека во однос на првиот квартал од минатата година има значителен пад од 2,8 отсто.
Стапката на невработеност во првото тримесечје од годинава изнесува 24,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на невработени изнесува 231.386 лица, а бројот на вработени 714.435 лица со стапка на вработеност 42,6 отсто.
Од вкупниот број вработени 697.248 лица, 60,1 проценти се мажи, а 39,9 проценти жени. Меѓу невработените поголемиот процент се мажи 66,3, а жени 33,7 проценти.
Според возраста, најмногу невработени лица се меѓу 25 и 49 години. Најмногу невработени лица се со средно образование четрири години 106.732, со основно 57.793, со високо образование 42.956, со средно образование три години 15.793, со незавршено основно образование 3859, со више образование 2.276 и без образование 1.908 лица.
Статистиката покажува дека најмногу вработува преработувачката индустрија 136.381 лице, земјоделскиот сектор 120.921 лице и трговијата 101.422 лица
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.