| четврток, 6 декември 2018 |

Maјка Тереза ќе добие светилиште и црква во Скопје

majka tereza

На 4 септември Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица, а по тој повод во Скопје, родното место на Мајка Тереза, ќе се одржат повеќе манифестации.

По прогласувањето за светица, Мајка Тереза во Скопје ќе добие посебно светилиште. Исто така, ќе ѝ  биде посветен и еден посебен католички храм во Македонија, како дел од негувањето на споменот на голема хуманитарка и нобеловка која потекнува од Скопје.

– Со нејзиното прогласување за света на церемонијата што ќе се одржи на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, таа ќе стане почитувана во целата Католичка црква. Ние во Македонија и досега го одбележуваме денот на нејзиното починување, а секој пети ден во секој месец одржуваме заветен ден кој ѝ е посветен. Светилиштето кое ќе ѝ биде посветено ќе биде посебен објект во кој луѓето ќе можат да принесуваат дарови за да се помолат за нејзиното застапништво пред Бога – изјави бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Кирил Стојанов.

На 5 септември, во капелата во Спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје ќе се одржи пресветата евхаристија и обожување на моштите.

Прославата во Скопје ќе трае до 11 септември. Од 5 до 11 септември во Скопје ќе има серија хуманитарни активности, а централната манифестација ќе се одржи на 11 септември, во нејзиното родно место, на плоштадот Македонија, кое ќе се прогласи за светилиште.

Организатор на прославата е Скопската бискупија, а покровител е претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top