По прогласувањето за светица, Мајка Тереза во Скопје ќе добие посебно светилиште. Исто така, ќе ѝ биде посветен и еден посебен католички храм во Македонија, како дел од негувањето на споменот на голема хуманитарка и нобеловка која потекнува од Скопје.
– Со нејзиното прогласување за света на церемонијата што ќе се одржи на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, таа ќе стане почитувана во целата Католичка црква. Ние во Македонија и досега го одбележуваме денот на нејзиното починување, а секој пети ден во секој месец одржуваме заветен ден кој ѝ е посветен. Светилиштето кое ќе ѝ биде посветено ќе биде посебен објект во кој луѓето ќе можат да принесуваат дарови за да се помолат за нејзиното застапништво пред Бога – изјави бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Кирил Стојанов.
На 5 септември, во капелата во Спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје ќе се одржи пресветата евхаристија и обожување на моштите.
Прославата во Скопје ќе трае до 11 септември. Од 5 до 11 септември во Скопје ќе има серија хуманитарни активности, а централната манифестација ќе се одржи на 11 септември, во нејзиното родно место, на плоштадот Македонија, кое ќе се прогласи за светилиште.
Организатор на прославата е Скопската бискупија, а покровител е претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст