Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе се зголеми облачноста и во јужните делови од земјата ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од осум до 14, а дневната од 22 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во петок времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено на југот и на запад од земјата.
За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло, а од недела попладне до вторник повторно во попладневните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.