| четврток, 6 декември 2018 |

ЕП група Е: Белгија има репрезентација за тронот

belgija 1

Групата Е на Европското првенство што в петок почнува во Франција можеби е најизедначена. Во неа се репрезентации од калибарот на Италија, Шведска, Белгија и Република кои досега редовно земале учество на големите натпреварувања. Оваа група слободно може да се каже дека е „група на смртта“ бидејќи може да се случи да отпаднат репрезентации кои се серозни кандидати за трофејот на 15. европско првенство. Оттаму никој не може да се надева на голема предност во однос на противниците.

Белгија како носител и најдоброрангирана на ранг-листата на УЕФА важи за мал фаворит, но сигурно ќе биде израмнето бидејќи Италија, Република Ирска и Шведска исто така гледаат шанси за пласман понатаму. Селекторот Марк Вилмотс создаде тим од многу ѕвезди, но кои се подредени на колективот и успехот на нивната земја. Имињата како Азар, Куртоа, Лукаку, Вермален, Фелаини, Де Бруин, Витсел, Бентеке само влеваат самодоверба кај целата нација. Меѓутоа прво мора да се прашаат и другите три репрезентации кои истотака гледаат своја шанса. Италија е репрезентација која никако не смее да се отпише однапред бидејќи секогаш кога не важела за главен фаворит на едно големо натпреварување играла бз притисок и стигнувала до самиот трон.

belgija

Белгија:

Голмани: Тибо Куртоа (Челзи), Симон Мињоле (Ливерпул), Жан-Францоис Жиле (Мехелен)

Одбрана: Тоби Алдервајрелд (Тотенхем), Јан Вертонген (Тотенхем), Томас Вермален (Барселона), Џејсон Денајер (Галатасарај), Џордан Лукаку (Остенде), Томас Мојние (Бриж), Лоран Циман (Монтреал), Кристијан Кабаселе (Генк)

Средина: Муса Дембеле (Тотенхем), Раџа Најнголан (Рома), Маруан Фелаини (Манчестер јунајтед), Аксел Витцел (Зенит), Еден Азар (Челзи), Кевин де Бруин (Манчестер сити), Дрис Мертенс (Наполи), Јаник Караско (Атлетико Мадрид)

Напад: Мичу Бацуаји (Марсеј), Ромалу Лукаку (Евертон), Кристијан Бентеке (Ливерпул), Дивок Ориги (Ливерпул)

Селектор: Марк Вилмотс

italija

Италија:

Голмани: Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Федерико Маркети (Лацио), Салваторе Сиригу (ПСЖ)

Одбрана: Андреа Барѕаљи (Јувентус), Леонардо Бонучи (Јувентус), Џорџо Киелини (Јувентус), Ангело Огбона (Вест Хем), Матео Дармијан (Манчестер јунајтед), Матија де Шиљо (Милан)

Средина: Федерико Бернардески (Фиорентина), Антонио Кандрева (Лацио), Марко Пароло (Лацио), Даниеле де Роси (Рома), Алесандро Флоренци (Рома), Емануеле Џакерини (Болоња), Тијаго Мота (ПСЖ), Стефано Стураро (Јувентус)

Напад: Едер (Интер), Чиро Имобиле (Торино), Лоренцо Инсиње (Наполи), Грацијано Пеле (Саутемптон), Симоне Заза (Јувентус), Стефан Ел Шарави (Рома)

Селектор: Антонио Конте

svedska

Шведска:

Голмани: Андреас Исаксон (Касимпаша), Робин Олсен (ФЦ Копенхаген), Патрик Карлгрен (Аик)

Одбрана: Лудвиг Аугустинсон (ФЦ Копенхаген), Ерик Јохансон (ФЦ Копенхаген), Микаел Лустиг (Селтик), Андреас Грангквист (Краснодар); Виктор Нилсон Линделоф (Бенфика), Мартин Олсон (Норич), Понтус Јансон (Торино)

Средина: Џими Дурмаз (Олимпијакос), Албин Екдал (Хамбург), Емил Форсберг (РБ Лајпциг), Оскар Хилјемарк (Палермо), Ким Калстром (Грасхопер), Себастијан Ларсон (Сандерленд), Оскар Левицки (Малме), Понтус Вернблом (ЦСКА Москва), Еркан Зенгин (Трабзон)

Напад: Маркус Берг (Панатинаикос), Џон Гуидети (Селта), Ерик Кујовиќ (Норчепинг), Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ)

Селектор: Ерик Хамрен

republika irska

Република Ирска:

Голмани: Кејрен Вествуд (Шефилд В.), Шеј Гивен (Стоук), Дарен Рендолф (Вест Хем)

Одбрана: Шејмус Колеман (Евертон), Кјаран Кларк (Астон Вила), Џон О’Ши (Сандерленд), Ричард Кеог (Дерби Каунти), Сајрус Кристи (Дерби Каунти), Шејн Дафи (Блекбурн), Стефан Вард (Барнли)

Средина: Глен Вилан (Стоук), Ајден Мекгиди (Шефилд В.), Џејмс Мекарти (Евертон), Џејмс Меклин (ВБА), Џеф Хендрик (Дерби Каунти), Дејвид Мејлер (Хал сити), Роби Брејди (Норич), Вес Холахан (Норич), Стефан Квин (Ридинг)

Напад: Шон Лонг (Саутемптон), Роби Кин (ЛА Галакси), Џонатан Волтерс (Стоук), Дерил Марфи (Ипсвич)

Селектор: Мартин О’ Нил

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top