Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер има свое предвидување за претстојното Европско првенство во Франција, кое стартува за три дена. Венгер добро е запознаен со квалитетите на хрватската репрезентација, беше заинтересиран за неколку хрватски играчи да ги доведе во својот клуб, а денес истакна дека нивниот состав дефинитивно е еден од фаворитите за освојување не ова ЕП.
„Една репрезентација која никој не ја спомнува, а која има квалитетен среден ред, е репрезентацијата на Хрватска. Кога ќе видите кои играчи ги има – Ковачиќ, Ракитиќ, Модриќ, Ловрен, Врсаљка, Срна, тогаш верувам дека можат да постигнат огромен успех“, изјави Арсен Венгер.
За останатите Венгер дека првенството ќе биде посебно интересно, бидејќи според него нема супер фаворит.
„Тешко е да се каже кој е супер фаворит. Порано тоа беше Шпанија и Германија, која е актуелен светски шампион, исто така може да се стави во тој ранг. Тука се и подмладените репрезентации на Англија и Франција, се е можно“, потенцираше Венгер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.