| четврток, 6 декември 2018 |

И Ламаркус Олдриџ му откажа на селекторот Мајк Кжижевски

Селекторот на САД, Мајк Кжижевски ќе има тешка задача пред себе да ги одбере дванаесетмината кои ќе настапат во националниот дрес на претстојните Олимписки игри. Листата на играчи кои го откажаа учеството во Рио е сè поголем, па така, САД во последните 24 часа остана без Стеф Кари и Ламаркус Олдриџ.

Најкорисниот играч на НБА лигата објави дека ќе ги пропушти ОИ како би се посветил на целосна рехабилитација на коленото, а Олдриџ ќе ги пропушти игрите поради повреда на прстот.

Покрај нив, досега откажаа и Блејк Грифин (колено), Крис Пол (дланка), Ентони Дејвис (рамо), Џон Вол (колено) како и Андре Игудала кој стравува од Зика вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top