| четврток, 6 декември 2018 |

Чавков: Бизнисмени од Македонија беа уценувани со незаконските снимки

mitko chavkov

Лица од криминалното подземје во Република Македонија, Косово, како и поединци од Србија се интересираа за незаконските снимки кои беа пронајдени кај Захир Бекири Чауш, вели министерот за внатрешни работи Митко Чавков во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов.

Тој посочи дека со снимките биле уценувани бизнисмени од Македонија.

-За овие содржини се нудеа и пари. Токму ваквите сознанија беа причина за вториот дел од акцијата, да ги пресретнеме, да ги пресечеме тие намери. Имаме информации дека имало активности кон одредени бизнисмени, истакнува Чавков.

Во однос на пишувањата во медиумите за средбата меѓу Бекир Асани и Зоран Заев, Чавков вели:

-Имаше еден или два случаи на пријава за уцена или изнуда. Токму поради ова е и мојата грижа, тоа што нема пријавување на случаи е можно и веројатно дека некои од луѓето, оштетените ќе ја земат правдата во свои раце, коментира Чавков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top